Реконструкција на одделот за физикална терапија и рехабилитација

 ЈЗУ Општа болница Струмица во изминатиот период работеше на реконструкција на одделот за физикална терапија и рехабилитација,со замена на старата столарија , како и останатиот инвентар. се со цел подобрување на условите за нашите пациенти кои во голем број ги користат услугите во нашиот оддел.

Голема благодарност до сите кои помогнаа во реализацијата- Kолид Фудс ,Kолид С Тим, АЛ Митал, Савело, Лав Комерц, Рекорд, Ростер, Aлмак, EлПи , Kласик Бјути, Чореви Мебел Продукт, Мајстор Ештреф Арифи.

Голема благодарност до персоналот кој активно се вклучи со цел завршување на сите активности.

Во наредниот период работиме на дообезбедување на нова опрема за одделот физикална терапија и рехабилитација, се со цел задоволување на потребите на нашите пациенти.