ЈЗУ Општа Болница Струмица обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија.
Со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно опоравување и пократок престој на пациентите во болница, за разлика од отворените хирушки интервенции.
Тимот на хирурзи , хирурзи на абдоминална хирургија, во нашата болница веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во нареден период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи.
Во нашата болница во текот на 2023 година се направени вкупно 1400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.
Благодарност до тимот на хирургија, специјалисти хирурзи, анестезиолози, медицински сестри и болничари кои даваат огромен придонес во работата на одделот ХИРУРГИЈА.




